На 21 август, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, се одржа промоција на новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова.
Промотор на книгата беше д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата.
„Набљудувај небо“ е четврто поетско остварување на Мојсова, а седма по ред публикувана книга. Издавач е ЗПРКДУ „Креативна верига“.

Мојсова пишува проза и поезија. Членка е во Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“ и литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид. Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници и литературни списанија. Мојсова има добиено неколку книжевни награди.