19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo: „Резултатите подобри од очекуваните“

Yahoo: „Резултатите подобри од очекуваните“

File picture shows a Yahoo logo at the CES in Las Vegas

„Yahoo„  предводена од Мариса Маер, почна да покажува знаци на закрепнување, откако во последниот квартал на минатата година оствари подобри резултати од очекуваните.

Компанијата остварила 4 отсто поголеми приходи отколку во предходната година, односно 1,22 милијарди долари.

Истовремено профитот во последниот квартал во 2011 година, се намалил од  295,6 милиони долари на 271,3 милиони долари, но од компанијата истакнуваат дека доколку се исклучат одредени еднократни трошоци, тогаш добивката ќе изнесува околу 380 милиони  долари.

Овие резултати се подобри од очекувањата на аналитичарите, така што веднаш по нивната објава се зголеми и вредноста на акциите на компанијата.

За тековниот квартал од „Yahoo“  најавуваат приходи помеѓу 1,07 милијарди и 1,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП