26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays собра 6,9 милијарди евра од акции

Barclays собра 6,9 милијарди евра од акции

barclays1

Британската банка „Barclays“ продаде речиси 95 проценти од новите акции и собра 5,8 милијарди фунти (6,9 милијарди евра), соопштија од банката.

Британскиот кредитор пред три недели започна нова емисија на акции, по барањето на британското регулаторно тело да го подобри основното ниво на капитал на три проценти од средината на 2014 година, пренесува Ројтерс.

Оваа банка, исто така, најави дека наскоро ќе ги продаде обврзниците вредни две милијарди фунти, а кои, во случај банката да има проблеми, би можеле да бидат конвертирани во акции.

Според најновите вести, акциите на „Barclays“ утрово паднале за 0,1 процент на 272,8 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП