14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал ги мерка Мартинез и Шаќири

Арсенал ги мерка Мартинез и Шаќири

arsenal logoo

Во последните неколку години, Арсен Венгер стана синоним за „циција“.

Љубоморно ги чува парите кои ги има, а големите трансфери кои ги договараше беа исклучиво поврзани со заминувањето на некои играчи од клубот, а не за некои кои доаѓаа.

Се додека не се реализираше трансферот на Месут Озил.

Можеби тој трансфер и моменталното влијание на поранешниот играч на Реал, влијаат на рапсодијата во Арсенал, а со тоа го убедија Венгер дека мора да потроши големи пари за клубот да дојде до трофеј.

Jackson-martinez

Французинот сега сака да продолжи во тој стил, а најголеми желби на Арсенал за јануари се голгетерот на Порто, Мартинез и младото крило на Баерн, Шаќири.

Џексон Мартинез веќе постигна пет гола за Порто оваа сезона и Венгер смета дека би бил одличен тандем со Жиру, кој исто така игра во одлична форма.

shaqirI

Сепак за Колумбиецот се заинтересирани и други Премиерлигаши и тоа градските ривали на Арсенал, Челзи и Тотенхем, па битката за играчот на Порто ќе биде жестока.

Шаќири, од друга страна, не успева да се избори за минутажа во Баерн, па Венгер ќе проба да ја искористи неговата желба за пoвеќе да игра и да го доведе во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП