20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАко купувате половен автомобил во Германија, еве ги регионите каде што ќе...

Ако купувате половен автомобил во Германија, еве ги регионите каде што ќе ги најдете најевтините возила

Многумина од нас ќе ја изберат Германија кога планираат да купат половен автомобил.

Во некои држави, користените автомобили се повеќе од 15 проценти поевтини од националниот просек. Така барем покажува анализата на користени возила на порталот mobile.de. Во финансиски подобрите региони како Минхен или Хамбург, половните автомобили имаат повисока просечна цена отколку во регионите со пониски приходи.

Германскиот магазин Фокус ги истражуваше градовите и регионите со најниски просечни цени. Во јули 2023 година, на mobile.de беа понудени на продажба 1.327.282 половни автомобили, по просечна цена од 29.366 евра. Најскапата област за купување автомобил е Хамбург. Просечната цена платена таму во јули беше 33.211 евра, 13 отсто повисока од националниот просек. Пред една година, тамошните купувачи мораа да платат во просек речиси 4.000 евра помалку (29.559 евра) за користен автомобил. Натпросечните цени за половни автомобили се плаќаат и во покраините Бремен (+ 12,5 отсто од просекот) и Берлин (+ 11,9 отсто).

Сарланд, сојузна држава што се граничи со Луксембург и Франција, е најевтино да се купи користен автомобил. Таму цената на автомобилот била за 15,6 отсто пониска од националниот просек (25.392 евра). Разлики има и во поголемите градови.

Најевтините половни возила доаѓаат од Келн. Како што објави Ревија ХАК, цените во јули годинава во просек изнесувале 27.058 евра, што е за 8,5 отсто пониски од националниот просек. Минхен беше најскап град со просечна цена од 37.107 евра. Цените во Франкфурт беа за 16,8 отсто повисоки од просечните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП