Аеродромот во Дубровник ланската рекордна година ја заврши со 4.033 летови, а за оваа година е најавено зголемување на 4.096 летови.
Најголем раст се забележува на скандинавскиот туристички пазар, па се очекува зголемување на летови од тој дел на Европа од 43 отсто.
Скандинавската компанија САС ќе го поврзе Дубровник со Арланд, Копенхаген, Хелсинки, Осло и Берген. „Норвиџан Ер“ најави 122 летови од Осло кон Дубровник, а ќе лета и од Бергер, Трондхајм, Ставангер, Копенхаген и Стокхолм.
Според досегашните најави „Норвиџан Ер“ кон Дубровник ќе лета 380 пати, што е значителен раст во однос на ланските 196 летови.