6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНевролог открива пет скриени знаци на потрес на мозокот кои не смееме...

Невролог открива пет скриени знаци на потрес на мозокот кои не смееме да ги игнорираме

Потрес на мозокот се опишува како ненадејно, но краткотрајно губење на менталната функција што се јавува по удар или друга повреда на главата.

Иако повеќето повреди на главата не се сериозни, треба да побараме лекарска помош доколку почувствуваме одредени симптоми. Како што предупредува неврологот Стив Алдер, постојат дури пет суптилни знаци кои не треба да ги игнорираме бидејќи можат да укажуваат на потрес на мозокот.

“Потресот на мозокот може да влијае на способноста на мозокот да ги регулира емоциите, што доведува до раздразливост, депресија, анксиозност или други промени во расположението. Секогаш ги советувам пациентите да бидат свесни за ненадејните промени во однесувањето и да не ги игнорираат”, објаснува неврологот. Покрај промените во расположението или однесувањето, д-р Алдер додава дека потрес на мозокот може да предизвика заматен вид, двоен вид и други визуелни нарушувања како што се тешкотии со фокусирање или следење на предмети.

„Овие симптоми можеби не се секогаш очигледни и може да се појават неколку дена или недели по повредата. Исто така, се наведува дека оние кои претрпеле потрес на мозокот може да страдаат и од проблеми со рамнотежата. Вртоглавица, нестабилност или тешкотии во одржувањето на рамнотежата се вообичаени знаци на потрес на мозокот, иако многу луѓе ги поврзуваат со притисок или замор.

„Обратете внимание на какви било невообичаени промени во одењето или рамнотежата, особено ако се појават без очигледна причина“, советува Алдер, кој истакнува дека ударот во главата може да резултира и со проблеми со меморијата, концентрацијата и другите когнитивни функции. Според неговото искуство, потрес на мозокот може да влијае на сонот што доведува до промени во периодите на спиење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП