2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаргот Роби ги плати долговите на мајка си со првиот голем хонорар:...

Маргот Роби ги плати долговите на мајка си со првиот голем хонорар: „Морав да го сторам тоа“

Кога имала 20 години, Маргот Роби се преселила во Америка за да продолжи со холивудската кариера.

Отпрвин и беше тешко, добивајќи помали улоги, а нејзината мајка Сара Кеслер подигнала заем и им ја ставила куќата под хипотека за да и помогне финансиски.

По нејзината улога во филмот „The Right Moment“, Маргот доби улога во филмот „The Wolf of Wall Street“ на Мартин Скорсезе во 2013 година. За тој филм добила огромен хонорар и првото нешто што го направила со заработените пари е да го исплати целиот износ на заемот на нејзината мајка.

„Таа ја стави куќата под хипотека, ми позајми пари и секогаш знаев дека морам да и вратам. Денот кога заработив доволно пари, целосно го исплатив заемот на мајка ми. Ѝ реков: ‘Мамо, не треба повеќе да се грижиш за заемот… Го нема. Искрено, секој на моја позиција би го направил тоа за својата мајка“, изјави Марго еднаш.

Нејзината мајка Сара Кеслер еднаш изјави дека Марго сака да биде актерка уште од својата 12-та година.

“Мислев дека е тешко да се биде актер и добро да се живее. Бев загрижена дека тaa сака да тргне по пат кој, според мене, нема многу иднина. И сега Марго можеше да ми каже: „Мамо, требаше да имаш повеќе верба во она што можам да го постигнам“. „Апсолутно сум среќна што е во ситуација кога го работи она што го сака, што е независна и што отвори своја компанија“, изјави Кеслер за австралиски Vogue во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП