17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилната побарувачка во странство ја корегираше прогнозата на „Uniqlo“

Силната побарувачка во странство ја корегираше прогнозата на „Uniqlo“

Сопственикот на „Uniqlo“, „Fast Retailing“, ја зголеми својата прогноза за целата година откако објави скок на кварталната добивка благодарение на посилната побарувачка на странските пазари, пишува „Bloomberg“.

Оперативниот профит за 12-те месеци до крајот на август ќе достигне 370 милијарди јени (2,7 милијарди долари), во однос на априлската прогноза од 360 милијарди јени. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите беше за 363 милијарди јени.

Компанијата, исто така, објави 35 отсто годишен пораст на оперативниот профит на 110 милијарди јени во третиот квартал. Тоа ги надмина очекувањата на аналитичарите од 100 милијарди јени.

Производителот на прифатлива, стилска облека ги диверзифицира своите извори на приходи на пазари како Северна Америка и Европа, каде што нејзините изгледи се релативно стабилни, на сметка на Јапонија и Кина. „Fast Retailing“ се обложува дека Северна Америка и Европа ќе генерираат 300 милијарди јени и 500 милијарди јени годишен приход, соодветно, со оперативна маржа од 20% до 2027-ма година.

Цената на акциите на компанијата се зголеми за 32 отсто од почетокот на годината, надминувајќи ги перформансите на реперот „Topix“, кој порасна за 19 отсто во истиот период.

Извршниот директор на „Fast Retailing“, Тадаши Јанаи, рече дека компанијата влегува во нова фаза на раст откако ќе заврши времето на Ковид-19. Покрај тоа, „Fast Retailing“ ќе ја засили својата експанзија за потенцијално да достигне приход од 10 трилиони јени и да стане „вистински глобален играч“. Во април, компанијата соопшти дека има за цел приход од 5 трилиони долари јени за пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП