28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Threads“ стана најбрзо растечката апликација во историјата

„Threads“ стана најбрзо растечката апликација во историјата

Најголемата приказна овие денови во светот на технологијата и социјалните мрежи е амбициозното лансирање на апликацијата „Threads“ на „Instagram“, копија на „Twitter“.

Таа има за цел да ги привлече сите незадоволни од најновите промени кои ги имплементираше Илон Маск на „Twitter“, а се чини дека времето на јавното лансирање на апликацијата е многу добро погодено.

„Threads“ се појави во продавниците за апликации во минатата среда, на 5-ти јули, првично само за САД и Велика Британија, без можност за инсталација во ЕУ (поради непочитување на „GDPR“). Се разбира, оние што живеат во Европската унија можат да ја преземаат „Threads“ ако ја пријават својата локација на друго место, а многумина веќе го направиле тоа.

Оваа апликација привлече пет милиони корисници во првите неколку часа од нејзиното пуштање во јавна дистрибуција, а високото темпо на нови апликации не се намали. Во првите седум часа бројот на преземања достигна 10 милиони, а веќе следното утро имаше 30 милиони регистрирани корисници. Ова го собори рекордот за најбрзо растечка дигитална платформа за еден ден, кој неодамна го држеше „ChatGPT“, на кој му беа потребни околу пет дена за да привлече еден милион корисници.

Од петокот наутро, имаше околу 70 милиони корисници на „Threads“, кои објавија 95 милиони објави и лајкнаа содржина 190 милиони пати. Сето ова и покрај тужбата која им се заканува од „Twitter“.

„Ова е почеток на кој би можеле само да се надеваме! Изгледа како почеток на нешто посебно“, вели Марк Цукерберг во својата објава на „Threads“.

Доколку оваа апликација наскоро надмине 100 милиони апликации, ќе сруши уште еден рекорд. На „ChatGPT“ му требаа два месеци да го достигне тој број на корисници, а новата апликација на „Meta“ може, доколку продолжи сегашниот тренд, да го постигне за помалку од една недела.

Дел од заслугата за овој успех е на „Twitter“ и нивното талкање со правилата за користење и неодамнешното „загушување“ на сообраќајот, а дел секако оди на големата моќ на „Instagram“, чиј кориснички профил овозможува и логирање во „Threads“, па тој чекор е нешто полесно за корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП