10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.07.2023

Дневен хороскоп 06.07.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Ден полн со неизвесности, особено кога станува збор за соработка со оние кои се претставуваат како ваши пријатели. Деловниот партнер е тврдоглав, а вие уште повеќе. Не дозволувајте никој да ве третира на начин кој е под вашето достоинство.

Бик (21.04 – 21.05)

Имате многу идеи но не знаете која да ја идеализирате. Можно е да станува збор за некој уметнички проект. Многумина ви замеруваат дека многу зборувате за своите планови и тоа на лица кои не знаат да ве ценат. Подготвени сте да ја подобрите вашата репутација.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот ќе ви донесе извесна нервоза и нетрпение бидејќи мора да покажете повеќе разбирање, особено ако се работи за долгогодишен соработник со кој секогаш добро сте се разбирале. Некој кој ви е наклонет ќе ви даде до знаење дека на него можете безусловно да сметате.

Рак (22.06 – 22.07)

Во состојба сте лесно да стапите во контакт со новите соработници, но имате многу барања. Чувствувате потреба за проширување на работите и на некои други дејности, најверојатно кон недвижнини. На некој сте му замериле нешто и тоа лице повеќе не сака да контактира со вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Можноста за соработка со некој Стрелец е одлична. Не се измачувајте со постојаното размислување за проблемите кои се случуваат во приватниот живот, бидејќи тие постојат во сечиј живот.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес не избрзувајте со одлуките. Јарецот има практични совети кои можат да ви бидат од голема корист ако имате време да се сретнете со лице кое често патува во странство и има добри врски со деловни лица. Можете да добиете повик кој ќе ве направи среќни.

Вага (23.09 – 22.10)

Ова за вас ќе биде еден сосема вообичаен ден. Во попладневните часови можете да добиете интересна деловна понуда. Соработката со Рак може да биде прилично дискутабилна.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Подготвени сте во нешто да попуштите и да го направите првиот чекор кон нешто што би можело за вас да биде вистинско решение на долг рок. Можно е да станува збор за работата која би можела да донесе можност за чести патувања во странство или некој вид на популарност.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате начин да ги решите проблемите само не би требало премногу да се оптеретувате со минатото. Ќе добиете повик да се сретнете со некој кој долго го познавате и со кој ќе обавите разговор во четири очи. Ќе добиете доверливи информации кои ќе ви бидат од голема корист во секој поглед.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекува поволен ден во кој можете да развиете стратегија како да ја зголемите заработката. Доколку сте имале некои сомнежи во врска со саканото лице, ќе сфатите дека сте погрешиле.

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е важен работен ден, можено е да начуете некои вести за унапредување. Добро се согласувате со саканото лице, се наоѓате во вистинска љубовна идила.

Риби (20.02 – 20.03)27

Ве очекуваат некои среќни околности или убави вести кога станува збор за работата. Ќе бидете многу задоволни. Во љубовта нема да имате никакви проблеми, се ќе биде идилично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП