30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува „Д Фест“: „Лето на радоста“ на Telekom Electronic Beats Stage

Започнува „Д Фест“: „Лето на радоста“ на Telekom Electronic Beats Stage

Летото е период за забава, радосни моменти и креирање спомени кои ќе траат. Кампањата „Лето на радоста“ на Дојче Телеком ги слави енергијата и нескротливиот дух на младите и организира илјадници бесплатни музички искуства низ Европа. Дел од овие музички искуства што ги посетуваат млади од Европа се и нашите фестивали „Д Фестивал“ во Дојран и „Ohrid Calling“ во Охрид.

На овогодинешниот „ Д Фестивал“, кој започнува на 30-ти јуни, ќе биде поставена сцената Telekom Electronic Beats, каде што ќе се појават повеќе домашни и странски артисти. Добро познатите Xenia и драм енд бејс пионерот Roni Size ќе бидат дел од интернационалната постава, а на истата сцена ќе се претстави и едно од најжешките имиња на европската електронска сцена – COEUS.

Домашната поддршка на TEB сцената е составена од Matej Foltz, кој е дел од кампањата „Лето на радоста“ од Македонија, диџеите Shorty P и Irie Scratch, диџејките Ermilova и Nastasya Kish, како и новиот бран на свежи домашни уметници од електронската сцена – Ogipsilon, Martina Peneva, AudioCigla.

Започнувајќи од овој петок (30-ти јуни), па до недела (2-ри јули) ќе можете да ги посетите фестивалските денови на „Д Фестивал“ и да ја почувствувате вистинската моќ на музиката меѓу луѓе кои навистина уживаат во неа!

Ова лето приклучите се на глобалната прослава на младоста, на момент заборавете на грижите и дозволете да ве понесе музиката.

За да дознаете повеќе за „Лето на радоста“ и да побарате пристап до повеќе бесплатни музички искуства ширум Европа, посетете ја веб-страницата: summerofjoy.electronicbeats.net.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП