4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако „Volkswagen“ ќе направи електричен автомобил за помалку од 20.000 евра?

Како „Volkswagen“ ќе направи електричен автомобил за помалку од 20.000 евра?

„Volkswagen“ работи со полна пареа со развојот на електричниот хечбек „ID.1“, чија цена ќе биде под 20.000 евра. Тој треба да се појави на пазарот во следните 5 години, што ќе покаже дека автомобилските компании можат да направат електрични автомобили со пристапни цени.

Новиот електричен автомобил ќе биде духовен наследник на урбаниот „e-Up“, нудејќи комбинација од компактни димензии и основни технологии. Ќе биде изграден на платформа која ќе се користи и за уште најмалку два вакви модели на „братските“ марките „Cupra“ и „Skoda“. Идниот „ID.1“ ќе седи под сериската верзија на прикажаниот концептен модел „ID.2all“, кој „VW“ ќе го нуди по почетна цена од 25.000 евра.

Според главниот финансиски директор на „VW Group“, Арно Антлиц, концернот сега може да си дозволи да продава електричен автомобил по слична цена (25.000 евра) благодарение на појавата на поевтини материјали за батерии и поедноставени методи на производство.

„Засега, ние сме уверени дека можеме да ја достигнеме таа цена. Многу иновации доаѓаат од техничката страна. Овој автомобил ќе ги има првите наши батериски ќелии од нашата фабрика во Валенсија. Дополнително, има и мало олеснување на трошоците за суровините – паѓаат цените на литиумот, но и на никелот. Верувам дека прво ќе успееме да постигнеме цена од 25.000 евра, со пристојна маржа“, коментира Антлиц.

Финансискиот директор на „VW Group“ е уверен дека истото ќе се случи, иако во подоцнежна фаза, со „ID.1“. Тој не откри други детали за идниот најевтин електричен автомобил на концернот, но посочи дека ќе има внатрешен простор сличен на оној на „VW Polo“ и голема улога во развојот и на развојот на новата платформа на која ќе биде изградена, ќе има и „Skoda“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП