1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПет години затвор за човекот кој ги хакираше Твитер профилите на бројни...

Пет години затвор за човекот кој ги хакираше Твитер профилите на бројни познати личности

Џозеф Џејмс О’Конор, човекот кој ги хакираше сметките на Твитер на познати личности и бараше од нивните следбеници да му плаќаат во криптовалути, е осуден на пет години затвор. Но, бидејќи беше во притвор повеќе од две години, ќе одлежи половина од казната.

Во септември 2020 година, нешто необично се случуваше на Твитер. Хакерите ги „киднапираа“ сметките на познатите личности со голем број следбеници и почнаа да објавуваат дека подаруваат бесплатни биткоини. Се разбира, тоа беше вообичаена измама, во која од корисниците се бараше да испратат количина на биткоини на одредена адреса, за да добијат двојно повеќе за возврат.

Три години по нападот, еден од одговорните хакери, 24-годишниот Џозеф Џејмс О’Конор, беше осуден на пет години затвор откако се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за компјутерско хакирање, измама на интернет и сајбер следење. Покрај тоа, тој се согласи да им врати најмалку 794.000 долари на жртвите за неговите злосторства.

Според обвинителите, Оконор, попознат на интернет како PlugWalkJoe, ги користел своите „софистицирани технолошки способности за злонамерни цели за да украде големи количини на криптовалути“. Обвинетиот пред судот изјави дека неговите дела се „глупави и бесмислени“, им се извини на жртвите за измамата и побара од судијата попустливост.

О’Конор на крајот доби пет години затвор, но бидејќи помина повеќе од две години во притвор, судијата му рече дека ќе отслужи половина од казната, пишува Tech Crunch.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП