27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекар предупредува: Ова е причината зошто притисокот ви е висок - причини...

Лекар предупредува: Ова е причината зошто притисокот ви е висок – причини на кои многу луѓе не обрнуваат внимание

Високиот крвен притисок или хипертензија е болест со која за жал се повеќе луѓе се соочуваат во современиот свет, а ризикот се зголемува со возраста.

Најчести симптоми на висок крвен притисок се главоболка, зуење во ушите (тинитус), вртоглавица, гадење, чувство на тежина во градите, отежнато дишење, брз замор, помала толеранција на напор и визуелни нарушувања.

Високиот крвен притисок е состојба која не треба да се игнорира, но при првите симптоми треба да се консултирате со лекар кој ќе преземе важни мерки во терапијата за спречување на понатамошни компликации и кардиоваскуларни заболувања.

Германскиот лекар и психотерапевт Ридигер Далке, кој се занимава со алтернативна медицина и психосоматиката, има напишано бројни книги за поврзаноста помеѓу емоциите и физичкото здравје, а некои од најпопуларните се „Болеста како говор на душата“ и „Болеста како пат“.

Токму во неговите книги открива што може да биде причина за крвниот притисок, односно каква емоционална и ментална состојба е поврзана со оваа болест.

„Пораката е дека во крвта е нашата виталност, таа го симболизира нашиот живот. Протокот на виталност како крвотокот е под голем притисок. Во денешното општество, особено во општеството на доцниот капитализам, луѓето се под голем притисок Во последните 20 години велат дека дури и 170 е нормален крвен притисок за 70-годишник. Денес се враќаат во нормала, па велат дека 120 е здрав крвен притисок. Високиот притисок е толку присутен во општество што го прогласија за нормална состојба, но не е. Секогаш се борите, нормално, само ако животот ви е во опасност.

Ако сте на пат и автомобилите ви надоаѓаат и одеднаш еден излета пред вас. Тогаш притисокот се зголемува. Оној кој постојано има покачен притисок постојано е во борбена ситуација и во голема опасност, животот му е во опасност.

Тренирани сме да бидеме такви, многу битни, да трчаме по пари, по власт. Телото ни го покажува тоа и бара од нас да се бориме со навистина важните работи. Да речеме со скриен проблем на авторитет од татко ми или дедо ми. Секогаш ја наоѓаме таа вистинска борба со која човекот всушност не се бори. Тој се бори со сите околу него, во Германија велиме „со Господ и светот“, а треба да води навистина важна борба, која е борба со авторитетот, најчесто авторитетот на неговиот татко.

Прифаќањето на авторитетот на вистински начин е борба со која многумина од нас се борат. Кога ќе научиме да препознаваме од каде доаѓа тој отпор, ќе можеме да го трансформираме во нешто друго, помоќно и покорисно од зголемениот притисок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП