6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТурците нагрнаа по нивниот електричен автомобил, па затоа европејците ќе почекаат

Турците нагрнаа по нивниот електричен автомобил, па затоа европејците ќе почекаат

Првиот турски електричен „SUV“, „Togg T10X“, нема наскоро да пристигне на западноевропските пазари, иако се очекуваше тоа да се случи веќе следната година со испораки во Германија, Франција, Холандија и Белгија.

Производителот потврдил за германски весник дека е неопходно одложување најмалку до 2026-та година поради многу важна причина – огромната домашна побарувачка која ги надминува сите очекувања и не дозволува извоз во странство.

Потврдените нарачки за новиот „Togg T10X“ само до март беа над 180.000, принудувајќи ги менаџерите на компанијата да го зголемат дневното производство од 40 единици на 160 автомобили дневно.

Оваа посебна ситуација би предизвикала оставки на луѓе на високи позиции во која било марка, но Ѓурџан Каракаш, извршниот директор на компанијата, ја прифаќа како грејс период за тестови за квалитет, информира „Motor.es“.

Според него, ова ќе овозможи време да се провери дали сите системи работат правилно и да се реши секоја необична ситуација или грешка поврзана со стабилноста на контролниот софтвер на автомобилот пред тој да ги напушти границите на земјата.

Турската компанија го претстави „Togg T10X“ како алтернатива на „Volkswagen ID.4“ со една верзија со електричен мотор со 215 ks, но со батерија со две нивоа на капацитет – 52,4 kWh и 88,5 kWh, па максималната неговата автономија на едно полнење се движи од 314 km до 520 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП