Мозочниот удар е болест предизвикана од прекин на протокот на крв во одреден регион на мозокот. Причината може да биде оклузија (затнување) или пукање на крвен сад. Недостатокот на кислород и хранливи материи предизвикува оштетување и смрт на нервните клетки, што резултира со оштетување на мозокот и губење на функциите кои ги контролира тој дел од мозокот.
Може да биде резултат на блокада на артеријата која го снабдува мозокот со крв, а се нарекува исхемичен мозочен удар или мозочен инфаркт, кој е најчест. Но, може да се појави и поради пукање на крвен сад во мозокот кога има излив на крв во мозокот, односно хеморагичен мозочен удар.

