5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропскиот пазар на мотоцикли заживува со раст од 15,5%.

Европскиот пазар на мотоцикли заживува со раст од 15,5%.

Ситуацијата во мото индустријата се подобрува по многу слабата 2022-ра година, при што во првиот квартал од оваа година е забележан вкупен раст на продажбата од 15,5% на петте водечки пазари на годишно ниво, информира „Motorradonline“.

Новорегистрираните возила на две тркала во Европа во првите 3 месеци од 2023-та година биле 253.859. Ова ги вклучува сите машини во категоријата L3, т.е. 125cc, поголеми мотори и електрични.

На прво место е Италија, каде од јануари до март 2023-та година се регистрирани вкупно 78.997 нови мотоцикли. Тоа одговара на раст од 31,1% во однос на истиот период од претходната година. На второ место е Германија со 54.964 продадени, што е за 13,2% повеќе јануари-март 2022-ра година.

На трето место е Франција со 48.945 нови регистрации – пораст од 7,1%. Првата петорка ја заокружуваат Шпанија со 44.127 нови регистрации (13,4 отсто зголемување) и Велика Британија со 26.826 нови мотоцикли (1,7 отсто раст).

Сепак, електричните возила на две тркала не уживаат голема популарност во целина, со раст од 1,2% во првиот квартал од 2023-та година и вкупните регистрации кои изнесуваат 8.890 единици. Само германскиот пазар забележа значителен пораст од 89,9%, благодарение на 2.672 нови регистрации.

Со 2.168 нови електрични мотоцикли, Франција забележа раст од само 1,2%. Италијанскиот пазар во овој сегмент се намали за 2,3%, со само 2.054 продадени нови електрични мотори на две тркала од јануари до март 2023-та година. Силно во „црвеното“ се Шпанија со 25,6% намалување на 1.561 единица на 4-то место, а британскиот пазар на „електрика“ се намалува уште повеќе – 58,1% минус, што значи продадени само 435 нови електрични мотори.

Севкупно, резултатите од првиот квартал од 2023-та година во европската мото индустрија се добри, а доколку трендот продолжи, повеќе од еден милион нови мотоцикли би можеле да бидат продадени до крајот на 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП