4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОпасна заблуда за витаминот Д: Само вака можете да го зајакнете имунитетот,...

Опасна заблуда за витаминот Д: Само вака можете да го зајакнете имунитетот, се друго е фрлање пари

Дали знаете колку витамин Д треба да внесувате дневно за да го зајакнете вашиот имунитет? Еве ги одговорите и една заблуда во која не треба да верувате!

Со можен исклучок на витаминот Ц, можеби нема витамин за кој повеќе се зборува од витаминот од сончевите зраци. Не е ни чудо, бидејќи витаминот Д е состојка која му дава сила на телото, ги зајакнува коските, апсорпцијата на калциум и го зајакнува имунитетот. Меѓутоа, поради фактот што станува збор за витамин кој беше во центарот на вниманието за време на пандемијата на корона вирусот, често има некои заблуди.

„Очекувањата се дека витаминот Д е чудотворен лек и дека ако сите земаме мегадози, ќе ги реши сите проблеми. Тоа, се разбира, едноставно не е точно“, вели д-р Ана Мектернан, професор по епидемиологија во Фред Хачинсон од истражувачкиот центар за рак во Сиетл, и додава дека не постојат витамини или суплементи кои лекуваат се.

Мит: Витаминот Д лесно може да се добие само преку храна

Добивањето витамин Д само од храна не е невозможно, но може да биде незгодно, бидејќи многу малку храна содржи доволно витамин. Најбогата храна со витамин Д е рибата (најмногу лосос) или белите печурки. Од секојдневните има во јајца, чедар, млеко, житарки… Сепак, овие намирници покриваат само мал дел од дневните потреби на витамин Д и се сметаат за минорни извори. Затоа лекарите ја препорачуваат оваа комбинација – храна богата со витамин Д и внесување дел од витаминот преку сончевата светлина.

Затоа, витаминот Д мора да се внесува и преку суплементи, инаку залудно сте потрошиле пари на скапа риба која не ви го дава посакуваниот ефект или сте пиеле млеко, а сепак не сте го достигнале потребното ниво.

Факт: Витаминот Д го зајакнува вашиот имунолошки систем

За да го одржите вашиот имунолошки систем да работи најдобро, погрижете се да внесувате доволно витамин Д. Тоа е затоа што витаминот Д може да помогне во процесот на намалување на штетниот воспалителен одговор на одредени бели крвни зрнца, како и да го зголеми производството на имуните клетки на протеини кои се борат против бактериите.. Возрасните кои имаат ниско ниво на витамин Д веројатно неодамна доживеале настинка, кашлица или инфекција на горните дишни патишта.

„Клиничките испитувања покажаа дека суплементацијата на витамин Д може да го намали бројот на болести што ги развиваат децата“, вели Мектернан.

И анализата, објавена во февруари 2017 година, даде два резултати. Прво, луѓето кои земале додатоци на витамин Д имале 12 отсто помали шанси да развијат акутни респираторни инфекции во споредба со луѓето кои не земале. Второ, авторите откриле дека земањето додатоци на витамин Д го намалува ризикот од респираторни инфекции за 70 проценти кај луѓето со тежок дефицит на витамин Д. Поради неговите потенцијални придобивки за имунолошкиот систем, некои луѓе брзо претпоставија дека витаминот Д може да дејствува како потенцијална алатка или терапија за спречување на Ковид 19, но експертите сè уште немаат дефинитивна потврда, бидејќи се работи за слабо познат вирус. Сепак, тие сугерираат дека е мудро да се одржува оптимално ниво на витамин Д и да не се дозволи тој да падне под препорачаното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП