17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвеститори сакаат да го исфрлат Бил Гејтс од Microsoft

Инвеститори сакаат да го исфрлат Бил Гејтс од Microsoft

Bill+Gates

Има ли бунт против Бил Гејтс во „Microsoft“?

Тројца од 20-те највлијателни инвеститори сакаат Бил Гејтс да се откаже од функцијата претседател на Одборот на директори во компанијата, која ја основа пред 38 години, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори кои се запознаени со оваа ситуација.

Според инвеститорите, Гејтс попречува во „Microsoft“ да се прифатат нови стратегии за развој. Освен тоа неговото заминување ќе му даде на новиот извршен директор повеќе можности за остварување на промените.

Инвеститорите сметаат уште дека ингеренциите на Гејтс, кој поседува 4.5 проценти од акциите на „Microsoft“ и е најголемиот приватен акционер, не одговараат на неговиот удел од компанијата.

Ако досега Стив Балмер, кој ќе се повлече следното лето, често се наоѓаше на нишан на инвеститорите кои сакаат подобрување на перформансите на акциите на компанијата, Бил Гејтс секогаш беше поштедуван.

Акционерите – бунтовници поседуваат 5 проценти од акциите на „Microsoft“, според изворот на Ројтерс, кој одби да ги соопшти нивните имиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП