6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ75-тиот роденден „Porsche“ ќе прослави со електричен суперспортски автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

75-тиот роденден „Porsche“ ќе прослави со електричен суперспортски автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Поминаа 75 години од првиот модел на компанијата Porsche – „356“ бр. 1, а тој момент треба да биде посебно означен.

Моделите „918“ и „Carrera GT“ беа супер спортски автомобили за кои германскиот производител еднаш покажа дека може и знае да прави што сака, а сега е време за нова генерација.

„Mission X“ е нов концепт, кој во одреден момент ќе влезе во сериско производство.

Планот е да се изгради најбрзиот автомобил кој ќе го помине кривулестиот круг од 22 километри на легендарниот Нирбургринг во најкус можен рок, што значи да се победи 6:35.183 што го постави „Mercedes-AMG One“ во минатата година.

Целта беше овој електричен хиперспортски автомобил да има сооднос сила-маса 1:1, за една коњска сила – еден килограм.

Ова ќе биде особено голем предизвик за електричниот автомобил поради, секако, батеријата и големата маса. Односно, не е предизвик ако на пример ќе имаш 2000 ks и 2000 kg, но тогаш ќе ја изгубиш агилноста, особено на кривулестите патеки.

Значи, „Mission X“ можеби е послаб од „Rimac Nevera“, но и многу полесен.

Внатрешноста очекувано е пример за спортски минимализам во кој има простор и за аналогна стоперка.

Речиси ништо не се знае за спецификациите на овој модел. Откриени се само неколку детали, како што е фактот дека батеријата се наоѓа зад возачот и користи технологија од 900 волти, која гарантира многу брзо полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП