3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗамрзнат имотот и сметките на Нокиа во Индија

Замрзнат имотот и сметките на Нокиа во Индија

nokiaa

Индиските власти ги замрзнаа средствата на финскиот телекомуникациски гигант Нокиа. Причината за тоа е спорот за данокот, кој компанијата го води со владата во Њу Делхи.

Даночните власти во оваа земја минатата недела ги замрзнаа банкарските сметки и фиксните активи на Нокиа, со што ја принуди компанијата да се обрати до Врховниот суд на оваа земја, кој веднаш нареди одмрзнување на дел од имотот.

Како што се истакнува во соопштението на Нокиа, компанијата добила пристап до поедини банкарски сметки, но еден број од фиксната актива останал замрзнат.

Нокиа е само една во низа од компаниите против која во Индија е започнат даночен спор, а на удар на индиските власти се најдоа и компаниите, Кадбури, Ројал Дач Шел и Водафон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП