19 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.06.2023

Дневен хороскоп 06.06.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска не очекувајте некои посебни настани. Се ќе се одвива по вообичаениот тек. Работите кои не ги сакате многу пробајте да ги доведете до крај. Ако сте во нова врска можеби ќе се разочарате и ќе размислувате што поскоро да ја прекинете.

Бик (21.04 – 21.05)

Контактите со друга средина, странство или професионалното усовршување ќе ви дадат шанса да се докажете. Не потклекнувајте пред притисокот на надворешните околности, сочувајте дел од времето за себе и активноста која ве растеретува. Во љубовта ситуацијата не е најдобра, многу би користел посериозен разговор со партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу лесно ќе ги извршувате работните обврски, единствено на што треба да внимавате се меѓучовечките односи. Родените во втората декада ќе бидат многу чувствителни на однесувањето на соработниците. Ќе поставувате важни прашања во однос на љубовта и нема да бидете многу сигурни во направениот избор.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете под притисок што ви го предизвикува работната средина. Ова ќе биде нешто подинамичен и поинтензивен ден од обично. Освен финансиските планови и неколкуте неуспешни подготовки да направите нов чекор во љубовта, ќе наидете и на недоразбирања од членовите на семејството.

Лав (23.07 – 22.08)

Полека работите си доаѓаат на свое место. Контактите со странство било да е тоа преку патување, примање на посета или работна соработка, се е попозитивно особено за родените во првата декада. Ќе имате голема поддршка од поширокиот круг на вашите пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе чуствувате притисок од околината која во моментот критички гледа на вашата работа и поставува прашања за тоа колку сте вредни, способни и тн. И невработените ќе сакаат да се докажат на свој начин, особено поради кавгите со родителите, професорите. Склони сте кон кавги и бурни реакци, внимавајте.

Вага (23.09 – 22.10)

Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се одалечувате од драгите луѓе и борете се против чуството на осаменост или несватеност. Излезете со друштво, забавувајте се или посетете некои блиски роднини кои не сте ги виделе повеќе време.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе биде многу важно да се докажете во очите на другите особено да ја оправдате довербата која ви ја овозможла некоја постара личност од кругот на вашето семејство. Некои од вас можеби ќе имаат можност за нова заработака или пак подобрување на работното место. Прифатете се што ви се нуди и искористете ги поволните прилики.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало забавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.

Јарец (22.12 – 20.01)

Сите незадоволства на работното место ќе испливаат на површина. Бидете внимателни во односите со претпоставените, соработниците и клиентите. Нечие однесување многу ќе ве налути. Подгответе се за заострување на односите во врската, опаѓање на енергијата и љубовни проблеми.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе почувствувате нагла стагнација на некои работи, одолговлекување на работни договори или откажување на некои средби. Не се грижете, на крај се ќе се заврши добро. Оставете некои работи треба да созреат. Во меѓувреме посветете се на оние работи кои ви одат од рака, дружете се, излегувајте и уживајте.

Риби (20.02 – 20.03)

Вашиот настап значително ќе се ублажи, заменете ја вашата дрскост и зајадливост со шарм и добрина. Кај некои може да се случи на моменти да бидат премногу чувствителни и ранливи. Многу ќе се двоумите за тоа што ви е најважно во животот, дали работата или љубовта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП