27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.06.2023

Дневен хороскоп 05.06.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Се чувстувате непријатно од премногу наметливите лица кои од вас очекуваат нешто што вие не сте во состојба да им го дадете, без оглед дали станува збор за некоја колегијална услуга или за пари. Добро се согласувате со некоја Шкорпија која е подготвена да ви излезе во пресрет за некое важно прашање. Ќе добиете поволна вест од некоја Девица.

Бик (21.04 – 21.05)

Не правете никакви ризици поврзани со пари. Ниту со сопствените, ниту со туѓите. И внимавајте на имотот. Проверете дали сте заклучиле откако ќе излезете. Можно е да искусите некоја екстремна ситуација. Искористете го денешниот ден за професионален напредок.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу обврски и лажни ветувања ве водат до нервна исцрпеност бидејќи не знаете на кого можете да сметате. Се трудите да бидете фер и на сите да им излезете во пресрет. Изгледа дека само вие се придржувате до правилата. Некој Стрелец ќе ви донесе нови предлози и можности во врска со некоја хонорарна работа.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес можно е да донесете одлука во афект, особено ако планирате да се вклучите во работа која од вас бара познавање на странски јазици, медицина, или психологија. Имате голема потреба на некој да му докажете дека не е во право или ќе се обидете да им се наметнете на колегите на начин кој тие нема да го прифатат.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете повик да се сретнете со некој Овен но нема да знаете дали тоа е поволно или не, дали ви се овозможува напредување или ќе бидете во непријатна состојба. На некој му е многу важно да го обнови односот со вас, дури и ако станува збор за некој Бик со кого не се согласувате, би требало да се прилагодите.

Девица (23.08 – 22.09)

Не сте подготвени во нешто да попуштите, особено не кога станува збор за некоја работа која бара физичка кондиција. Ќе се бунтувате и ќе навлезете во кавга со околината која ќе ги осуди вашите постапки. Ќе имате голем број на проблеми за решавање затоа прво смирете се и пристапете на соодветен начин.

Вага (23.09 – 22.10)

Можна е средба со Девица, Рак, Јарец или Шкорпија. Размената на идеи ќе ви донесе многу интересни информации за кои не сте размислувале до сега. Нема да знаете од каде да започнете, но не плашете се, сите обврски ќе ви бидат завршени навреме.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во вас ќе постои енергија која ќе ве води во сите дневни случувања. Искористете ја денешна моќ да завршите некои нешта однапред. Ве очекува некоја новост која многу позитивно ќе влијае на вас. Ќе сакате се да земете во ваши раце, но не правете го тоа, оставете нешто и другите да сработат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Немојте секој момент да го менувате расположението, тоа е неповолно за вас и за луѓето околу вас. Ќе имате прилика да се покажете во најдобро издание, а соработниците и колегите ќе ве пофалат за тоа. Ако сте склони кон консумирањето алкохол во поголеми количини, денес можете да имате проблем со водените знаци.

Јарец (22.12 – 20.01)

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

Водолија (21.01 – 19.02)

Обидете се да не бидете површни и кога ги донесувате одлуките, не се раководете само според срцето туку помислете и на разумот. Ќе мора да се прилагодите на условите кои владеат во компанијата или домот ако сакате да ги избегнете расправиите. Ќе добиете можност да го покажете својот талент на некој поголем собир. Вашата импулсивност може да биде проблем во комуникацијата со некоја Вага.

Риби (20.02 – 20.03)

Претпладневните чсови ви носат многу состаноци и голема емотивна ангажираност во врска со нешто што не се однесува на вас лично туку на лицата кои ви се многу драги. Покажувате голема поврзаност кон некој кој не бил фер кон вас. Се трудите да надминете нешто што во голема мера ве оптеретува. Ќе добиете повик од некој Лав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП