2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс со 50 милиони ќе ја спасува сезоната

Мојс со 50 милиони ќе ја спасува сезоната

mojs

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ќе добие 50 милиони фунти за трансфери во зимскиот преоден рок, во обид да ја спаси сезоната на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед го запиша вториот поред пораз и се наоѓа на 12-то место на табелата, а се чини дека многу тешка задача ќе биде да заврши во топ 4 на крајот од сезоната. Сопствениците на клубот, семејството Глејзер признале дека првенството станало поконкурентно по летните трансфери на противниците и поради тоа ќе му ги дадат потребните средства на Мојс.

Тоа ќе се случи во јануари, кога трансфер прозорец ќе се отвори и Мојс ќе се обиде да ги доведе потребните фудбалери за засилување на составот.

Ова лето клубот направи еден значаен трансфер со привлекувањето на Маруан Фелаини од Евертон. Мојс сакаше да го земе и Лејтон Бејнс од Евертон, но не успеа. Во последен момент се подготвуваше и договор за позајмување на Фабио Коентрао од Реал Мадрид, но задоцнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП