19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна освежениот „Touareg“: Хибридот чини речиси 100.000 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна освежениот „Touareg“: Хибридот чини речиси 100.000 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Според претходните најави, „Volkswagen“ откри рестилизирано издание на својот најексклузивен SUV, кој е лидер во европската гама на овој производител уште од пензионирањето на моделот „Phaeton“.

Редизајнираниот „Touareg“ ќе го препознаете по новиот светлосен потпис на предната страна со IQ.LIGHT HD Matrix LED светла, поврзани со тенка светлосна лента.

Друга новина е осветлениот амблем на брендот на задната страна.

Редизајнот, исто така, носи мали промени во стилот на надворешноста и нова „Silicon Matte Grey“ нијанса резервирана за „R eHybrid“ и „Touareg R-Line“.

Во кабината се е исто, освен воведувањето на некои нови функции како „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ конекции, подобрена USB-C конекција и „Dynaudio“ премиум аудио систем со моќност од 730 W.

Од технолошка страна, ажурираниот „Touareg“ доби сензор на покривот кој ја детектира покривната кутија (ако е инсталирана), врз основа на кој автоматски се прилагодува електронскиот систем за контрола на стабилноста.

Од „VW“ велат дека суспензијата е исто така подобрена „за максимална удобност и оптимални перформанси“.

Опционално поставен на бандажи од 22 инчи, престижниот SUV нуди само V6 мотори: бензинецот 3.0-литарски V6 со 340 ks, дизелите произведуваат 231 и 286 ks, а врвот на гамата го сочинуваат два plug-in хибриди со 381 ks и 462 ks.

Позната е и цената. „Touareg“ во Германија започнува од 69.200 евра, додека помоќниот хибрид ќе биде достапен по цена од 93.870 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП