27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоле Димитриевски: Би потпишал и доживотен договор со Рајо

Столе Димитриевски: Би потпишал и доживотен договор со Рајо

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски би сакал до крајот на кариерата да го носи дресот на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано. Тој за шпанските медиуми истакна дека не би имал проблем да потпише и доживотен договор со Рајо, затоа што чувствува дека е максимално ценет и почитуван во клубот и е во одличен однос со фановите на тимот.

„Им кажав во клубот дека сакам да останам и ако треба да потпишам договор до 2029 година, ќе го сторам тоа. Ако треба да потпишам договор до почетокот на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот, немам проблем. Многу сум благодарен на овој клуб, се чувствувам прекрасно. Овде сум почитуван, ми дадоа шанса, а јас се трудам секогаш да го дадам најдоброто од себе за клубот. Штотуку собрав 150 настапи за Рајо и би сакал уште 300. Навивачите, клубот, тие ми ја дадоа љубовта поради која јас се идентификувам со Рајо Валјекано“, изјави Столе Димитриевски.

Рајо Валјекано и Столе Димитриевски утре ги очекува дуел со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а тимот сѐ уште има шанси и за излез на европска сцена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП