20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе враќа во тренд ноќниот живот во Скопје, по Владо Георгиев овој...

Се враќа во тренд ноќниот живот во Скопје, по Владо Георгиев овој петок Тони Цетински!

Минатиот петок Владо Георгиев ги “покори” скопјани со неговиот извонредно енергичен настап во ноќниот клуб PURE, а овој петок редот му припаѓа на хрватската мега ѕвезда Тони Цетински.

На сцената, Владо Георгиев им приреди вистинско музичко задоволство. Откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката. Публиката постојано беше во екстаза, пееше со него и му ја возвраќаше енергијата. Владо Георгиев демонстрираше неверојатен талент, прекрасна сценска присутност и способност да ги повлече сите наоколу во неговиот свет на музика и емоции.

Оваа недела во ноќниот клуб PURE гостува харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно ќе се појави пред македонската публика и ветува одлична атмосфера.

PURE NIGHT CLUB е прекрасна локација за ваков вид концерти, со неговата модерна и елегантна атмосфера го дополнува музичкото искуство. Клубот има минимална возрасна граница од 25 години а со тоа ги врати постарите скопјани повторно да уживаат во ноќниот живот. Клубот во четвртоците е домаќин на Street Soul Delight хип-хоп вечер со Boogieman, Mawrteen и Тони Зен, во петоците гостуваат регионални ѕвезди а саботите е класична диско забава со реномираните Branches и Dj Bobi.

Досега на сцената ги видовме Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, Црвена Јабука, Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, Нокаут, Ѓоко Таневски, Бени, Ареа, Владо Георгиев и други локални бендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП