26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве - Нова ера без Пирло и Конте?

Јуве – Нова ера без Пирло и Конте?

pirlo-velika

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус најверојатно следната сезона ќе изврши големи промени.

На Андреа Пирло му истекува договорот на крајот од сезоната, а ситуацијата и натаму е далеку од расплетот. Се очекува преговорите за неговото останување во Торино да започнат во февруари. Се почесто се говори дека разделбата е готова работа, затоа што Јувентус нема да му понуди ниту блиску пари како пред две ипол години, кога Пирло пристигна од Милан.

Тој заработува околу 4 милиони евра по сезона, а најверојатно нема да може да смета ни на половина, што би го натерало да побара друг клуб, во Англија или Шпанија.

Од друга страна, постојат и многу шпекулации за судбината на Антонио Конте. Како што информираат одредени медиуми, неговиот однос со директорот Марото не е срдечен, а незадоволството е поради преодниот рок, поточно фактот дека не е доведен надворешен играч и дека Лјоренте е ангажиран без негово одобрување.

Конте не ја крие желбата во иднина да работи во Премиер лигата, тој учи англиски, но кога ќе се пресели на Островот неможе со сигурност да се каже.

Ако на крајот на оваа сезона ја напушти клупата на Јувентус, една година пред истекот на договорот, клубот најверојатно има подготвено решение, а тоа е Чезаре Прандели, селекторот на Италија. Прандели и претходно беше мета на „бјанконерите“, за кои и настапуваше во еден период од неговата кариера, а поради сомнежите дека тајно преговара со Јувентус, тој си замина од Фиорентина.

Во Торино сметаат дека доаѓањето на Прандели би било мамец за многу италијански репрезентативци, затоа што клубот и натаму планира тимот да го создава врз основа на домашни играчи. Во таа смисла тие не се откажуваат од Марко Верати, иако неговото доаѓање од ПСЖ е тешка мисија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП