18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПРИДОНЕСУВА ЗА СРЦЕВ УДАР И СКОРО НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: Нема...

ПРИДОНЕСУВА ЗА СРЦЕВ УДАР И СКОРО НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: Нема врска со исхраната, но го зголемува ризикот за дури 34 проценти

Неодамнешните студии покажаа дека бучавата директно влијае на предизвикување на најтешките срцеви заболувања.

Помеѓу две навидум неповрзани работи, всушност постои многу силна врска, за која научниците предупредуваат повторно и повторно. Долготрајната изложеност на сообраќајна бучава е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања, а новото истражување даде дополнителни детали за оваа необична врска.

Според веб-страницата на престижната здравствена платформа на Универзитетот Харвард, истражувачите проучувале речиси 500 возрасни лица во текот на пет години. За тоа време тие собираа податоци за сообраќајот и бучавата од авионите во близина на адресите на сите учесници во истражувањето.

По земање предвид на други фактори кои придонесуваат за ризик од развој на кардиоваскуларни болести, како што е загадувањето на воздухот, беше откриено дека секое зголемување на просечното ниво на бучава во 24 часа над 5 децибели го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар и слично за 34 проценти.

Користејќи специјализирана техника за снимање на мозокот, научниците покажаа дека повисоките нивоа на изложеност на бучава се поврзани со поголема активност во амигдалата, област на мозокот вклучена во обработката на стресот, анксиозноста и стравот.

Прекумерната бучава е поврзана и со поголемо воспаление во артериите, што е познат предизвикувач за кардиоваскуларни проблеми.

Овие наоди беа објавени во 2019 година во медицинското списание European Heart Journal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП