28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко пиете газирана вода секој ден, еве што се случува со вашето...

Ако пиете газирана вода секој ден, еве што се случува со вашето тело

Се верува дека минералната вода позитивно влијае на варењето, поради што често се заменува со газиран сок. Со децении луѓето пијат минерална вода за да го смират својот стомак, пред се за да ги ублажат непријатните симптоми на рефлукс на киселина.

Дали е вистина и колку е безбедно да се пие минерална вода секој ден, откри нутриционистката Сара Хус.

Позитивни и негативни страни

Според неа, секојдневна употреба има позитивни и негативни страни. Газираната вода придонесува за подобра хидратација, а позитивно влијае и на варењето, неутрализацијата на киселината во желудникот, работата на бубрезите и правилната работа на срцето. Резултатите од едно истражување покажале дека редовното внесување на минерална вода ја зголемува густината на коските, која инаку се губи со текот на годините, пишува City Magazine.

Меѓутоа, ако пиете минерална вода секој ден, има негативни ефекти. Можете да ја оштетите забната глеѓ и да придонесете за развој на кариес. Клиниката Мајо истакнува дека газираните пијалоци, како водата, можат да предизвикаат развој на рефлукс на киселина. Ова еднаш го потврди лекарот Ендрју Л. Рубман.

Опасно на празен стомак

„Киселината содржана во минералната вода е опасна на празен стомак, па наместо да го решите проблемот со рефлукс на киселина или варење, може да го влошите“, вели Рубман.

Потоа додаде: „Најдобро е да се пие минерална вода помеѓу оброците, додека сите газирани безалкохолни пијалоци треба да се избегнуваат што е можно повеќе“, заклучил споменатиот лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП