26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие три намирници ги влошуваат симптомите на анксиозност

Овие три намирници ги влошуваат симптомите на анксиозност

Многу истражувања досега покажаа дека она што го јадеме може и влијае на нашето целокупно расположение. Слично на тоа, диететичарите веруваат дека конзумирањето на одредена храна може да предизвика дополнително зголемување на духовната вознемиреност или анксиозност кај луѓето.

Иако е сосема нормално одвреме-навреме да се чувствуваме лошо, особено ако минуваме низ одреден предизвикувачки период во животот, студиите покажаа дека конзумирањето на одредени видови храна и пијалоци може да предизвика зголемување на нивото на анксиозност. Доколку сакаме да го избегнеме тоа чувство, диететичарите советуваат дека треба да ги избегнуваме овие три намирници или барем да ја намалиме нивната консумација на минимум.

Кафе

Иако утринското кафе може да ни ја даде потребната енергија за претстојниот ден, диететичарите предупредуваат дека лесно може да предизвика психолошки непријатности бидејќи кофеинот е стимуланс. Имено, конзумирањето на кофеин често придонесува за чувство на анксиозност и депресија, но го нарушува и квалитетот на сонот, што влијае на нашето расположение.

Преработена храна

Иако одредени преработени храни како грицки, брза храна, колачи и газирани пијалаци може да изгледаат како одличен избор кога се чувствуваме нерасположени, овие намирници всушност можат да ни го уништат расположението. Како што објаснува диететичарот Меган Хилберт, овие намирници промовираат воспаление и често немаат влакна и други хранливи материи за кои е докажано дека негативно влијаат на здравјето на мозокот.

Алкохол

Додека излегувањето на пијачка со пријателите после работа може да биде добар начин за опуштање, премногу алкохол може да ги наруши мозочните хемикалии кои се важни за добро ментално здравје, а тоа, меѓу другото, може да ги влоши и симптомите на анксиозност, објаснуваат диететичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП