25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДе Ниро стана татко седми пат

Де Ниро стана татко седми пат

Се шпекулира дека Роберт де Ниро е во врска со Тифани Чен, а во вторникот (8 мај) холивудскиот ветеран откри дека тукушто го дочекал своето седмо дете.

79-годишниот актер веќе ги има посвоената ќерка Дрена (51), Рафаел (46) и 27-годишните близнаци Џулијан и Арон со поранешната сопруга Дијана Абот, како и Елиот (24) и 11-годишната Хелен Грејс со втората сопруга Грејс Хајтавер.

Во интервју за „Ентертејнмент Канада“ репортерката Бритни Блер рече: „Знам дека имате шест деца…“

Де Ниро одговори: „Седум, всушност. Само што добив бебе“.

Ѕвездата на „Кум“ не откри ништо друго во врска со детето и останува нејасно која е мајката, но сепак призна дека неговото потомство не го смета за кул-татко.

Тој објасни дека често се расправа со 11-годишната Хелен додека таа се приближува кон адолесценцијата и често нема друг избор, освен да остави впечаток на дисциплината со своите деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП