
Овен (21.03 – 20.04)
Размислувате за прекин на деловната соработка која според вас е несоодветна. Не брзајте со одлуките. Во љубовта ве очекува променлива емотивна состојба. Нема да бидете сигурни за следните чекори.

Бик (21.04 – 21.05)
Вашата загриженост за работата е оправдана но обидете се малку да се релаксирате и да не дигате големи тензии. Доколку сте во врска побарајте поддршка од партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да размислувате за промени кога станува збор за работата и потребно ќе ви биде време да ја донесете конечната одлука. Во љубовта ви доаѓа ново познанство, на полето за флерт може да биде многу интересно.

Рак (22.06 – 22.07)
Денешниот ден не ви донесува многу деловни обврски, па ќе имате прилика за релаксација. Во љубота ве очекува возбудлив ден во кој ќе имате пријатна средба со некое лице кое подолго време ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате зголемен обем на работа во периодот кој доаѓа, а и заработката ќе ви биде доста подобра. Имате некои недоумици во врска со емотивниот партнер и не сте сигурни на кој начин треба да постапите.

Девица (23.08 – 22.09)
Можно е денес да слушнете некои трачеви кои се однесуваат на вашата работа но немојте премногу да им верувате. Во љубовта некое лице постојано ќе ви се додворува.

Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекува склопување на нова соработка во наредните денови. А денешниот ден искористете го за одмор и релаксација. Во љубовта партнерот ќе ве изненади со убав гест со кој ќе ви ја покаже искрената љубов.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате дека ќе ви се укаже шанса за напредување на деловен план. Во љубовта ви се допаѓа личноста која сте ја запознале во некое пријатно и опуштено опкружување.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Финансиската ситуација е се подобра од ден на ден и постепено имате поголема сигурност на деловен план. Во љубовта можете да очекувате мали несогласувања со саканото лице но брзо ќе успеете да ги решите.

Јарец (22.12 – 20.01)
Денот е поволен за деловни преговори, ќе имате доста среќа на ова поле. Љубовната ситуација ќе ви биде многу возбудлива, ве очекуваат нови прилики за флерт.

Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекува некоја добивка на полето за финасии, наследство или добро ново партнерство. Кога станува збор за љубовта можете да се надевате на страствени случувања и добра атмосфера.

Риби (20.02 – 20.03)
Можете да очекувате важни разрешувања доколку планирате некоја работа поврзана за недвижнини или продажба на земјиште. Слободните ќе имаат интересна средба, оние во врска или брак ќе ја зацврстат љубовната состојба со посмели чекори.