6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНово правило за исхраната: Јадете го она што го јаделе вашите баби

Ново правило за исхраната: Јадете го она што го јаделе вашите баби

Секоја година се појавуваат некои нови диети кои за брзо време стануваат масовно популарни. Само некои од популарните совети за исхрана во последно време се: да се исфрли глутенот, млечните производи, шеќерот и мастите од исхраната, внимавајте на гликемискиот индекс на намирниците, јадете како пештерски човек, станете веган итн.

Ако започнете така да се храните ќе ви биде дозволено само да пиете вода и можеби да јадете спанаќ, бидејќи поголемиот дел од диетите ја дозволуваат оваа намирница.

Всушност, најдобриот совет кој може да го добиете е да не ги слушате „експертите“ и да сфатите дека здравата исхрана никако не е толку комплицирана. Долгогодишните поборници за таканаречената „разумна“ исхрана сметаат дека денес сите се премногу опседнати со критикување на шеќерот, мастите и солта, а не го гледаат вистинскиот проблем. Всушност, денес најголем предизвикувач на дебелината и дијабетесот е брзата храна и премногу долгото време минато во седечка положба. Иако речиси секоја нездрава храна содржи масти, шеќери и соли, истите тие состојки ги содржи и здравата храна, но во далеку помало количество. Затоа, како да научите да ја изберете вистинската храна?

22110_svgvozdje06-Shutterstock_630x0

Се смета дека луѓето би требало да избегнуваат храна која била потполно непозната за нивните баби и дедовци. Всушност, ова значи дека сета храна која се наоѓа во кутии и конзерви и има име за кое вашата баба веројатно никогаш не ни слушнала е токму таа храна која би требало да ја заобиколите. На пример, постои кутија со колачи на чие пакување пишува дека производот е без шеќер. Штом го видите тој податок автоматски ќе сметате дека е во ред да го изедете тој производ, но, всушност, дали знаете дека вештачките засладувачи во ваквата храна се најголемите виновници за дебелината? Шеќерот всушност и не е ваш непријател, туку преработената храна.

Таканаречената „вистинска храна“ е всушност и најздравата храна за нас. Наместо спакувани кифли на кои пишува дека се без глутен или житни плочки на кои пишува дека се без шеќер, определете се за домашен леб и мусли кои ќе си ги направите сами.

Сеуште целосно не се знае која е точната врска помеѓу исхраната и хроничните заболувања, но едно е сигуро, а тоа е дека за добро здравје е најдобро да се избегнува преработена храна. Храната која се базира на билки е сепак најдобар избор за нашето здравје – велат поборниците на оваа теорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП