2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„HTC“ се враќа, со нов и помоќен телефон

„HTC“ се враќа, со нов и помоќен телефон

Ако не сте знаеле, токму „HTC“ го објави првиот „Android“ телефон во светот наречен „HTC Dream“, уште во 2008-ма година. Се сеќаваме и на легендарните модели „HTC One M7“, „M8“ и „M9“ со оние, за тоа време, феноменални „BoomSound“ звучници.

„U12+“ сè уште е последниот врвен модел од „HTC“. Беше претставен пред точно пет години и имаше неколку интересни карактеристики, како што е проѕирен заден дел, но беше далеку од било каква конкуренција на „Galaxy S9“ на „Samsung“ или моделот „iPhone Xs“ на „Apple“.

Меѓутоа, доколку има такви кои би сакале повторно да купат појак модел на „HTC“, носиме добри вести… Всушност, за почеток, има повеќе гласини и шпекулации.

На листата на „Geekbench“ се појави модел наречен „HTC U23 Pro“. Бидејќи последна практика на „HTC“ беше топ моделот да биде под ознаката „U“, веруваме дека и овој пат се подготвува нешто такво, особено што во продолжението ја има наставката „Pro“.

Сепак, најдобро е да не се избрзува со ознаката „flagship“, бидејќи според напишаното во спецификациите и кои јадра се наведени, описот најдобро одговара на чипот Snapdragon 7 Gen 1 на Qualcomm, кој е класа под најсилниот процесор од Qualcomm. Сепак, во спецификациите се споменуваат и 12GB RAM, која според она што моментално се нуди на пазарот, а најмногу е резервирана за врвните модели.

Од самиот „HTC“ сѐ уште нема информации дека вакво нешто се работи, моделот под оваа ознака едноставно се појави на „Geekbench“, па засега се само шпекулации.

Но, бидејќи „HTC“ неодамна почна почесто да објавува модели (само минатиот месец пристигнаа два поевтини телефони), веруваме дека нешто се случува во однос на појаките уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП