6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКардиолог предупредува: Избегнувајте ги овие навики ако сакате да го сочувате срцето(ВИДЕО)

Кардиолог предупредува: Избегнувајте ги овие навики ако сакате да го сочувате срцето(ВИДЕО)

Доколку сакате да го спасите срцето, но и да избегнете срцеви проблеми, следете ги советите на оваа докторка.

Не јадете црвено месо

Таа тврди дека станала вегетаријанка поради правата на животните, но подоцна проучувала серија студии кои докажале прилично силна врска помеѓу црвеното, особено преработеното црвено месо и зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести.

„Не консумирам никакви производи од животинско потекло и ги повикувам сите да избегнуваат црвено месо и преработено црвено месо“, рече таа.

Во видеото што неодамна го објави на TikTok, Харкин изјави дека „редовното консумирање виршли, хамбургери и сувомеснати производи ги оштетуваат артериите“. Наместо тоа, им препорачува на луѓето да јадат повеќе влакна, кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, мешунките и цели зрна.

„Помага при регулирање на гликозата, намалување на холестеролот, а се работи и за храна која содржи многу витамини и минерали. Навистина им советувам на сите да внесуваат најмалку 40 грама влакна дневно, бидејќи тоа е нивото на кое гледаме значително намалување на гликоза, холестерол и слично“, истакна таа.

@nicoleharkinmd Some of the biggest heart health mistakes I see! I feel number five oh so deeply in my soul #hearthealth #heartdisease #cardiology #prevention #preventativecare #health #wellness #healthtips #nutrition #healthtok #healthylifestyletips #medicine #fivethings #fivethingschallenge #LearnOnTikTok #doctorsoftiktok #viral #viralvideo ♬ original sound – Nicole Harkin MD Cardiologist

Цигарите се забранети

„Речиси сите срцеви удари што сум ги видела кај млади жени им се случиле на луѓе кои пушат“, истакнува Харкин.

Не го прекинувајте вашиот ноќен сон

Харкин е мајка на три деца, но сепак се грижи да спие најмалку седум до девет часа секоја вечер.

„Студиите навистина покажаа дека недостатокот на сон е поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести“, додаде таа.

Не ја игнорирајте болката во градите

Харкин вели дека никогаш не би ја игнорирала болката во градите, доколку некогаш би се појавила.

„Шокантен број на срцеви удари се случуваат кај луѓе кои според традиционалните критериуми би се сметале за нискоризична група“, нагласи таа.

Не прескокнувајте физичка активност

Физичката неактивност е еден од најголемите фактори на ризик за срцеви заболувања, така што Харкин не прескокнува вежбање дури и кога е уморна или зафатена.

“Дури и 10-минутната прошетка е подобра од ништо и има корист за здравјето на вашето срце. Затоа, не дозволувајте времето да биде изговор за неактивност. Кога би можела на сите да им препишам една работа, тоа би било вежбање”, посочува оваа докторка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП