Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот од 2.коло од Лигата на шампионите.
Во Скопје гостува најскапот тим во ракометот, францускиот првак ПСЖ. Тренерот на Металург, Лино Червар со ослабен состав ќе им се спротистави на парижаните.
Поради повреда (веќе му е извршена и операција на коленото) во составот нема да биде репрезентативниот бек Филип Миркуловски.
Во Металург истакнуваат дека ќе се борат, а Червар бара од играчите да ги намалат грешките како во одбрана, така и во нападот.
И во редовите на ПСЖ се внимателни во пресрет на денешниот натпревар, особено што тројца играчи (Игор Вори, Јаков Гојун и Марко Копљар) кои многу добро се познаваат со
стратегот на тимот од Автокоманда.
Металург ќе има и голема помош од трибините, бидејќи салата е распродадена, а покрај хрватското трио во составот на ПСЖ се наоѓаат Михаел Хансен, Даниел Нарцис, Лук Абало и уште неколку ѕвезди на европскиот ракомет. Распоред на натпреварите од 2.коло:
А група: Мотор – Загреб 31:30, Цеље – Санкт Петербург (денес) и Веспрем – Рајн Некар Ловен
(утре).
Б група: Данкерк – Висла (денес), Кил – Колдинг и Киелце – Порто (утре).
Ц група: Динамо Минск – Вардар 26:24, Металург – ПСЖ (денес), Барселона – Вакер Тун
(утре).
Д група: Халмштат – Флензбург 27:37, Хамбург – Горење 41:32 и Алборг – Ла Риоха (утре)