25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовеќе од редизајн: „Renault Clio“ има целосно ново лице (ФОТО/ВИДЕО)

Повеќе од редизајн: „Renault Clio“ има целосно ново лице (ФОТО/ВИДЕО)

По четири години на пазарот, „Renault Clio“ го доживеа својот прв голем редизајн. Новитетите на надворешноста се променетата предна табла, потесни фарови и интересни дневни светла кои се спуштаат до дното на предната табла на секоја страна.

Овие детали стилски личат на половина од амблемот на брендот „Renault“.

На фотографиите е верзијата „Esprit Alpine“, односно моделот со врвна опрема што ја заменува „RS Line“.

Внатрешноста е главно иста како порано, но кожните седишта се минато.

Наместо кожа, седиштата се покриени со материјал направен од органски и полиестерски влакна, наречен „TEP“.

Дигиталната табла со инструменти доаѓа во големини од 7 и 10 инчи, додека централниот екран на допир е достапен во конфигурации од 7 или 9,3 инчи.

Поддржани се безжичните функции „Android Auto“ и „Apple CarPlay“, заедно со вградена навигација, камера од 360 степени и бројни активни безбедносни системи.

Моторите останаа исти, од 1,0-литарски трицилиндричен бензински мотор со 65 ks, преку бензински мотор опремен со турбополнач со 90 ks, сè до агрегат со плинска инсталација, хибрид со 145 ks и 1,5 дизел со 100 „коњи“.

Повеќе детали за датумот на почеток на продажбата и цената ќе бидат објавени подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП