6 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОткриен електричниот „Passat“ со кој „Volkswagen“ ќе го нападне „Model 3“ на...

Откриен електричниот „Passat“ со кој „Volkswagen“ ќе го нападне „Model 3“ на „Tesla“ (ФОТО)

На интернет се појавија првите фотографии од „Volkswagen ID.7“, електричниот наследник на „Passat“ и возило кое во својата класа ќе се натпреварува со „BMW i4“ и „Model 3“ на „Tesla“.

Дизајнот беше откриен со „протекување“ од Канцеларијата за патенти на кинеското Министерство за внатрешни работи. „ID.7“ е стилски близок до претходните електрични модели на „Volkswagen“, како и со концептите, а дали ќе ви се допадне зависи од вас.

Што се однесува до внатрешноста, тоа е исто така варијација на темата „ID.3“ или „ID.4“, со мала табла со инструменти и голем екран за инфозабава.

Производителот споменува автономија од 700 километри и погон на задните тркала или погон на сите тркала.

Моделот за кинескиот пазар ќе има батерија од 77 kWh и електромотор од 204 ks. Максималната брзина наводно е ограничена на 155 km/h.

„ID.7“ ќе се појави на пазарот на почетокот на 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП