Можеби нашите родители беа во право кога ни велеа дека треба да јадеме повеќе зеленчук. Имено, едно ново истражување покажа дека брокулата содржи одредени молекули кои можат да го заштитат и подобрат здравјето на цревата, како и да го намалат ризикот од одредени цревни заболувања, што дополнително ги поткрепува доказите дека овој зеленчук е навистина суперхрана, пишува New York Post.
Научниците од Универзитетот Пен Стејт направија тестови на глувци и открија дека молекулите во брокулата се врзуваат за рецепторот кој помага да се заштити слузницата на нивните црева. Откриле дека токму тоа предизвикува низа активности кои влијаат на функциите на цревните клетки, објаснуваат авторите на споменатата студија. Други студии претходно открија дека јадењето зеленчук како брокула може да помогне да се намали стапката на рак и дијабетес тип 2.

