Овен (21.03 – 20.04)
Можно е да го привлекувате вниманието на сосема поинаков начин. Време е да го преиспитате вашиот систем на вредности. Во љубовта имате добри намери кон партнерот, но некако лошо се поставувате и лошо реагирате на неговите предлози.
Бик (21.04 – 21.05)
Можеби ќе размислувате за нова позајмица или кредит што всушност и не е најдоброто решение за вашиот проблем. Саканото лице очекува од вас да и ги покажете своите емоции. Прашање е дали вие можете да одговорите на тој предизвик.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да делувате многу конфузно во комуникацијата со своето деловно опкружување. Соработниците и пријателите нема да можат да ве разберат. Во љубовта немојте да барате нови причини да го зголемите конфликтот со партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Потребна ви е подобра организација. Имате премногу работа и под голем притисок сте со цел се да обавите навремено. Во љубовта ќе имате важен разговор со саканото лице и со тоа прилика да ги поправите недоразбирањата.
Лав (23.07 – 22.08)
Многу нешта не се одвиваат онака како што очекувавте и доаѓа време да ја менувате деловната тактика. Во љубовта помеѓу вас и партнерот ќе се појават одредени несогласувања, брзо најдете решение за нив.
Девица (23.08 – 22.09)
Можно е малку да претерувате кога на себе си си доделувате разни епитети, а воопшто нема да делувате убедливо. Во љубовта со саканото лице се обидувате да создадете складни односи и атмосфера, но некако тешко ви оди, променете го односот.
Вага (23.09 – 22.10)
Решивте да се обидете со нешто сосема поинакво и да најдете работно место во склоп на професија со која досега не сте се занимавале. Во љубовта потребно е да имате малку поголемо разбирање за партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Доаѓа време да ја промените вашата работа. Позитивно се поставувате во комуникацијата со саканото лице што доведува до подобрување на односите и помирување. Покажете му ги вашите емоции најотворено.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во деловното опкружување се можни мали конфликти бидејќи немате добра комуникација со соработниците. Во љубовта можно е да немате исто ниво на страст и емоции со партнерот, па да дојде до прекин на врската.
Јарец (22.12 – 20.01)
Потребно е повеќе да се ангажирате ако сакате да остварите напредок. Ако останете статични, такви ќе бидат и вашите резултати. Во љубовта можно е да го зголемите нивото на нервоза со вашите непромислени коментари.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребно е во комуникацијата со соработниците да се покажете како коректно лице кое е подготвено на компромис. Доколку со саканото лице навлегувате во нови расправии, само дополнително ќе ја засилите тензијата.
Риби (20.02 – 20.03)
Можете да очекувате мал успех на деловен план. Ќе најдете решение за проблемот за кој долго време бевте загрижени. Во љубовта заедно со пaртнерот ќе пронајдете решение за секој проблем.