27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.03.2023

Дневен хороскоп 30.03.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Малку сте мрзливи и безволни, поради што ќе се чувствувате многу лошо. Чувајте се од можни сплетки и местенки. Ве очекува поддршка од блиско лице со кое може да дојдете до меѓусебни симпатии. Можна е главоболка.

Бик (21.04 – 21.05)

Успехот на работа ви е загарантиран. Можни се долгорочни работи и добра заработка. Партнерот очекува во нешто да го поддржите. Поведете сметка за начинот на исхрана, можна е појава на гојазност.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Малку наивно комуницирате со околината. Сепак сметате на помош од едно лице од деловната околина кое ќе ви помогне да ја поправите финансиската ситуација. Емотивно лошо се чувствувате. Здравствената ситуација ви е значително подобрена.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува голема помош од лице кое не ви е блиско. Големи се можностите за напредување, што на вас ви е многу важно. Можна е емотивна врска со лице родено во знакот на Вага. Задоволни сте со односот со партнерот. Ве оптеретува заморот.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве исполнува фактот дека ја работите работата во која уживате. Покрај добивката, може да се случи и некое патување поврзано со долгорочните деловни договори. Одлучете се за еден партнер. Намалете со јадењето на многу калорични намирници.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација. Одличен момент за работа и заработка, но и за подобрување на односите со другите лица. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате пријатно изненадување од партнерот. Чувајте се од настинки.

Вага (23.09 – 22.10)

Не е момент да започнете нова работа. Парите ќе ги заработувате со тимска работа и преку партнерски односи. Можна е емотивна врска со лицето во вашето деловно опкружување, кое извесно време ви се додворува. Добро се чувствувате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Делувате малку мрзеливо, што може да ви предизвика проблеми. Заработката не ви е на завидно ниво, но тоа ќе се промени во блиска иднина. Избегнувајте судири во односот со партнерот. Посебно ви се осетливи белите дробови.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Со успех ќе ги завршите сите работи. Немојте да бидете премногу скептични и рамнодушни кон новите деловни понуди. Сметајте на наклонетост на партнерот, а тоа многу ќе ви одговара. Здравствената ситуација е оптеретена со болки во вратниот дел.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат позитивни вести од претпоставениот. Можно е напредување. На вас ви е многу важно мислењето на околината. Со партнерот се можни сериозни проблеми и раскинување на љубовната врска. Ви се препорачува да побарате помош од вашиот доктор.

Водолија (21.01 – 19.02)

Посоветувајте се со лице кое ви е блиско. Со партнерот конечно ќе успеете да воспоставите мир и хармонија. Премногу сакате, потребно е трпение. Одлична здравстена ситуација, добро се чувствувате.

Риби (20.02 – 20.03)

Најголемата поддршка на работа ви ја даваат претпоставените. Стабилната ситуација на материјален план ќе потрае. Можни се ненадејни и неочекувани судири со партнерот предизвикани од љубомора. Ги занемарувате здравствените проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП