19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарите предупредуваат: Се повеќе млади добиваат мозочни удари

Лекарите предупредуваат: Се повеќе млади добиваат мозочни удари

Младоста со себе носи чувство на непобедливост, но поразителен факт е дека мозочните удари не им се случуваат само на постарите луѓе. Фактите покажуваат дека сè поголем број луѓе доживуваат мозочен удар уште пред да наполнат средна возраст.

Иако мозочниот удар досега беше „резервиран“ за повозрасната популација, факт е дека може да се случи и на луѓе кои се далеку под 50 години.

„Употребата на нелегални психоактивни супстанци и генетски предиспозиции се предуслов за мозочен удар кај помладата популација, а може да биде предизвикан и од артериска дисекција, која предизвикува затворање на артериите и е директно одговорна за поголемиот дел од мозочните удари кај помладите, објаснува неврологот Блејк Булетко.

Мозочниот удар исто така може да следи некои од наследни фактори како што се:

-вродени срцеви заболувања,
-нарушувања со згрутчување на крвта,
-болест на српести клетки,
-метаболички состојби како што е Фабриевата болест.

Неврологот Блејк Булетко исто така советува дека доколку имате некој од наследните фактори кои можат да влијаат на појавата на мозочен удар, мора да одите на редовни прегледи кај вашиот избран лекар. Дополнително, размислете за превенција, како и за намалување на факторите на ризик, како што се:

-висок крвен притисок,
-висок холестерол,
-дијабетес,
-пушење,
-дебелина,
-абнормални структури на срцето, наследни или стекнати.

Невролог предупредува дека младите никогаш не треба да претпоставуваат дека се стопроцентно безбедни од мозочен удар и дека секогаш треба да имаат на ум да побараат итна медицинска помош доколку забележат некој од следните предупредувачки знаци:

-губење на рамнотежа,
-ненадејно губење на видот на едното или двете очи, како што е двојно гледање,
-едната страна од лицето е спуштена,
-ненадејна слабост во едната рака или нога,
-нејасен или отежнат изговор и разбирање на зборовите.

Неврологот предупредува и на појава на силна главоболка, која е специфичен симптом на мозочен удар кај помладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП