24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧаша вода за подобра работа на мозокот

Чаша вода за подобра работа на мозокот

chasa1

Доколку се мачите и не можете да се сетите на одговорот – една чаша вода би можела да ви помогне. Водата може да го изостри вашиот ум, така велат резултатите од новото истражување.

Тимот на научници од Универзитетот „Источен Лондон“ верува дека кога ќе ја угасите жедта, мозокот се фокусира на решавањето на задачите.

Експериментот бил спроведен на 34 лица кои исполниле неколку ментални тестови два пати – еднаш по доручекот кој се состоел од житарици и еднаш по доручекот кој се состоел од житарици, но со вода.

Никој ниту јадел ниту пиел преку ноќта, па истражувачите пред тестот ги прашувале учесниците колку биле жедни, со цел да започне експериментот. Оние кои не биле жедни ги решиле тестовите побрзо, додека оние кои биле жедни решавале бавно.

Истражувачите тврдат дека водата помага да се опуштат деловите од мозокот кои постојано сигнализираат дека личноста е жедна, а со тоа и да се насочат кон решавањето на задачите.

„Една чаша вода при секое работење нема да ви наштети. Исто така, кафето или чајот можат многу да ви помогнат“, изјави Каролин Едмондс учесник во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП