27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia сака спојување со Alcatel

Nokia сака спојување со Alcatel

alcatel-lucent-nokia

Менаџерите на „Nokia“ ја разгледуваат можноста за спојување со францускиот конкурент „Alcatel-Lucent“. Според информациите финската компанија ќе бара нови перспективи за развој во сегментот на мобилните телефони, откако таа го продаде делот од својот бизнис на „Microsoft Corp“.

Од „Nokia“ разгледуваат две варијанти на трансакцијата, купување на целата француска фирма или само производството на мобилните уреди, што според експертите чини од 1.1 до 1.5 милијарди евра.

Гласините за спојување на „Nokia“ и „Alcatel-Lucent“ се појавија во јавноста уште пред пет години. Причината за тоа е дека двете компании се обидуваат да се борат со конкуренцијата на „Ericsson“ и на азиските снабдувачи на евтина техника за безжична конекција „Huawei“ и „ZTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП