9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕколошка акција на Пакомак и во основните училишта во општина Аеродром

Еколошка акција на Пакомак и во основните училишта во општина Аеродром

Print

Денес со презентацијата на директорите на основните училишта во општина Аеродром, започна големата еколошка акција на Пакомак за почиста околина и подобрување на хигиенските услови во училиштата. Еко- акцијата ќе ги опфати сите 8 основни училишта на територијата на општина Аеродром, а целта е да се активираат децата, заедно со нивните семејства да го селектираат отпадот од најмала возраст и да се едуцираат за важноста од селекцијата на отпадот и рециклирањето.

Акцијата во општина Аеродром е проширување на постоечката еколошка акција во која се вклучени основците од општините Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар, а како и минатата година е во организација на компанијата Пакомак и скопските општини, со поддршка на Шпаркасе Банка.

foto1

Пакомак како и досега, во секое училиште ќе постави наменски  контејнери, што учениците  во одредени денови ќе ги полнат со амбалажен отпад од пластика – исклучиво со пластични шишиња од вода, сокови, јогурт, пиво, оцет и од масло. За собраниот амбалажен отпад од пластика, Пакомак ќе возврати со хигиенски средства – професионални апарати и неограничени количини течен сапун – до секоја чешма во училиштата, кои до сега беа на трошок на училиштата и родителите. Проектот има и натпреварувачко-мотивирачки карактер, бидејќи на секои два месеци ќе се евалуираат резултатите и ќе се доделат неколку споредни награди за најдобриот ученик, одделение или училиште, а на крајот на учебната година ќе се доделат главни награди за најуспешното училиште од секоја општина.

Како компанија која има за цел да ја подигне општата еколошка свест кај граѓаните, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, нашата цел е со овој проект  да го поврземе целиот ланец за успешно собирање на отпадот, од кој сите имаме  придобивка:  природата, училиштето и граѓаните. Минатата учебна година проектот беше одлично прифатен од страна на учениците, наставниците и родителите што резултираше во успешна акција во која беа собрани над 1 милион пластични шишиња или 26 тони пластичен отпад од основните училишта од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Со приклучувањето на општина Аеродром, Ѓорче Петров и Центар кон акцијата, се надеваме дека ќе имаме уште поуспешна година и ќе собереме двојно повеќе пластичен отпад! ”  изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП