29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„SsangYong“ добива електричен погон и подобрен дизајн (ФОТО/ВИДЕО)

„SsangYong“ добива електричен погон и подобрен дизајн (ФОТО/ВИДЕО)

Јужнокорејскиот производител има новитет во својата палета. Станува збор за моделот „Torres“ во електрична верзија. Поточно, ќе биде претставен на 30-ти март на саемот за автомобили во Сеул.

Визуелно, автомобилот се разликува од конвенционалната верзија само по детали, особено видливи од напред. Решението што досега не сме го виделе е додаток за дневни светла со 6 LED извори на светлина.

Забележително поголеми промени има во кабината, каде „Torres“ сега има нов дигитален кокпит со два екрани, кој визуелно многу наликува на она што го нуди „BMW“.

Поинаква е и конзолата, а фотографии од останатиот дел од внатрешноста сѐ уште не се објавени.

Електричниот теренец на „SsangYong“, кој ќе се нуди под новото име „KG Mobility“, има батерија со капацитет од 55,3 kWh, што е доволно за автономија од 340 километри според VWTP стандардот.

За деталите како моќноста на електричниот мотор, конфигурацијата и достапноста на „AWD“ погонот ќе дознаеме за две недели, по премиерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП