26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските банки веќе не се безбедни, ова се главните причини за страв

Европските банки веќе не се безбедни, ова се главните причини за страв

Банкарството е масивен, комплексен сектор кој почива на деликатна доверба. Таквиот систем обично функционира, но штом луѓето почнуваат да се грижат дека може да се распадне, често се случува.

Credit Suisse, 167-годишна институција со биланс од 531 милијарда швајцарски франци и повеќе од 50.000 вработени, е продадена на својот поголем швајцарски ривал UBS за 3 милијарди швајцарски франци. Според сите пресметки, Credit Suisse немаше многу избор дали да ја прифати понудата или не.

Што предизвика ваков драматичен колапс на една од 25-те најголеми европски банки до неодамна? Дали е ова знак за поширока криза во европскиот банкарски сектор? Мартин Арнолд, аналитичар на Financial Times, се обиде да одговори на овие прашања.

Прво што посочи е дека Credit Suisse веќе неколку години е проблематично дете на европското банкарство. Банката претрпе многубројни скандали, загуби, бројни промени во менаџментот и помина низ различни преструктуирања. Кога три средни американски кредитори, вклучително и Банката на Силиконската долина, пропаднаа претходно овој месец, инвеститорите почнаа да се грижат за тоа кои други банки би можеле да бидат ранливи. Токму банката Credit Suisse им го привлече вниманието. Сигналите беа јасни. На пример, големите клиенти извлекоа повеќе од 10 отсто од своите пари од нејзината единица за управување со средства за само неколку месеци минатата година. Падот се забрза минатата недела откако шефот на саудиската национална банка, која купи 10 отсто од акциите во Credit Suisse минатата година, отфрли каква било дополнителна финансиска помош за швајцарскиот заемодавач.

Арнолд тврди дека слична судбина би можела да ги снајде и другите европски банки. Иако европските банки се несомнено во подобра позиција отколку што беа за време на кризата во 2008 година, тоа во никој случај не значи дека тие ќе бидат имуни на најновите турбуленции во секторот, додава тој.

„Постојат неколку причини за загриженост. Прво, Credit Suisse, исто така, имаше релативно здрави коефициенти на капитал и ликвидност, кои беа само малку под просекот на еврозоната минатата година. Но, тоа не ја спаси од пропаст. Второ, банките во еврозоната сè уште не остваруваат доволно профит за да ги покријат своите трошоци, што значи дека акционерите се во загуба. Третиот проблем е зголемувањето на каматните стапки, кои Европската централна банка ги зголеми со невидена стапка, сè за да се справи со зголемената инфлација. Ова ќе ја намали вредноста на банките кои поседуваат државни обврзници и хипотеки, а тој додава дека стравот на финансиските пазари најверојатно ќе ги натера кредиторите да станат многу повнимателни, намалувајќи го протокот на кредити, што на крајот ќе им наштети и на европските банки“, елаборира Мартин Арнолд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП