26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите се сложија: Ова е официјално најстресното време од денот за повеќето...

Експертите се сложија: Ова е официјално најстресното време од денот за повеќето луѓе

Иако секој дел од денот понекогаш може да биде стресен, експертите успеаја да пресметаат кое време од денот е најстресно за повеќето луѓе.

Според The ​​Healthy, истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во кое учествувале 2.000 луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни е во просек околу 7:23 часот.

И како што може да претпоставите, тоа е поради честите таканаречени утрински стресови.

Студијата исто така покажа дека има мала разлика во најстресното време од денот во зависност од полот. Жените обично се среќаваат со првата пречка во денот малку порано од мажите, односно во 7:50 часот.

Кај мажите, првиот индикатор за стрес започнува речиси еден час подоцна – поточно во 8.43 часот.

Овие утрински драми дури можат да ја попречат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.

Според експертите, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не завршуваме се на време во раните утрински часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството и подготовката за градинка или работа се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП